МНР чека информации од Авганистан за веста за убиен македонски државјанин
Министерството за надворешни работи соопшти дека испратило барање за официјална информација до авганистанските институции во врска со веста дека македонски државјанин е киднапиран и убиен на територија на Авганистан.
- Во однос на информациите кои излегоа во медиумите за киднапирање и убиство на македонски државјанин на територијата на Авганистан, Ве информираме дека Министерството веднаш испрати барање за официјална информација до авганистанските институции. По добивање на официјална информација од авганистанските власти, согласно законските процедури, МНР ќе го извести Министерството за внатрешни работи, се наведува во соопштението од МНР.
Странски медиуми претпладнево јавија дека три лица, од Македонија, Малезија и Индија, се киднапирани и убиени во главниот град на Авганистан, Кабул. Според портпаролот на началникот на полицијата во Кабул Хашмат Станекаи нивните тела се пронајдени, а до нив биле и нивните лични карти. Портпаролот прецизира дека тројцата работеле во втората по големина компанија за храна и кетеринг во светот Содексо.
Ново на Сител
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час