Македонија
13. August 2021 - 10:35

МНР: Да не се патува во Авганистан, тие кои се таму да си заминат во најскоро време

Заради влошената безбедносна состојба и зголемениот интензитет на воени дејствија во Авганистан, Министерството за надворешни работи препорачува на сите граѓани на Република Македонија да не патуваат во оваа дрѓава, а доколку моментално се наоѓаат во земјата, заради лична безбедност да заминат во најскоро можно време.

– Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Република Македонија кои се наоѓаат на територијата на Исламската Република Авганистан, во случај на итна потреба и барање помош, да се обратат на следниот телефонски број +389 75 273 732, се наведува во соопштението од МНР.