-->
-->
МНР го осуди палењето на бугарското знаме на Вевчанскиот карневал
-->
Министерството за надворешни работи го осуди палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани оценувајќи го како штетен по угледот на државата.– Вековна традиција не смее да биде загрозена преку активности со кои се омаловажуваат или навредуваат народи, држави, особено нашите соседи. Го осудуваме палењето на знамето на Република Бугарија на Карневалот во Вевчани, чин кој не само што го нарушува реномето на Карневалот туку и нанесува штета на угледот на Република Македонија, се наведува на фејсбук-профилот на Министерството за надворешни работи.
Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, пак, на својот Фејсбук профил објави дека нивниот амбасадор во земјава Ангел Ангелов упатил остра вербална нота до македонското МНР по информациите дека е запалено бугарско знаме на Вевчанскиот карневал.

– По повод информациите за запалено бугарско знаме во селото Вевчани во Република Македонија му порачав на бугарскиот амбасадор во Скопје да го искаже пред Владата на Република Македонија, нашето силно несогласување со овој вандалски чин. Амбасадорот Ангелов веќе упати остар вебрален демарш во Министерството за надворешни работи на РМ, напиша Захарева на Фејсбук.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски очекува стапката на раст на цените да остане помеѓу најниските во регионот
-

По 11 години Охрид ќе добие затворен базен
-

Преглед на вестите од светот
-

„Подготовка за поширока ЕУ“ – Кос ги претстави петте измени во начинот на одлучување
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

Во Македонија меѓу себе се бараат околу 90 илјади лица
-

Привремено одложена имунизацијата со БСЖ вакцината против туберкулоза поради несакани реакции во Хрватска
-

Остри реакции по најавата на Комората за кратење на празниците - против и МПЦ-ОА
