МНР го проверува скандалот со амбасадорот Колев во Москва
Македонското МНР го испитува случајот со објавените снимки од амбасадорот Ненад Колев, според кои тој во алкохолизирана состојба учествувал во сообраќајна незгода во Москва. Фотографиите од безбедносни камери ги објавија руски медиуми, повикувајќи се на колумна на српскиот портал „Правда“. Според нив, македонскиот дипломат одвај стигнал до службеното возило, а набрзо откако почнал да вози, правејќи низа прекршоци удрил во друго возило.
- Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно наводите објавени во одредени медиуми побара целосни и детални информации во врска со конкретниот настан. По утврдување на сите релевантни факти, ќе биде донесена соодветна одлука за понатамошно постапување, велат од МНР.
Дел од медиумите објавија дека скандалот се случил пред две години и снимката е стара, но од Министерството засега не споделуваат никакви информации за тоа, ниту дали веќе комуницирале со Колев.
Инаку дипломатската мисија на Колев во руската република му завршува во ноември годинава, откако во 2023-та стапи на функцијата. Како дипломат од кариера, Колев претходно беше амбасадор и во Виена.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
