Loading Video...
Македонија
19. October 2026 - 16:36

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова

МНР ги смета за навреда и провокација последните изјави од бугарските функционери. Изјавата на бугарскиот министер за внатрешни работи кој користејќи го терминот „српските власти“ рече дека бугарската полиција ниту ја бара, ниту ќе ја екстрадира Иван Михаилова и сомнежите на амбасадорот Радуков дека таа не можела да избега без знаење на македонските власти, беа причина во министерството да биде повикан заменик бугарскиот амбасадор.

-Од наша страна беше посебно нагласено дека ваквите провокации го оддалечуваат билатералниот дијалог од рамката во која треба да се развиваат добрососедските односи – врз основа на меѓусебно почитување, воздржаност и конструктивна комуникација. Во тој контекст, беше укажано дека ваквото однесување може да наметне потреба од соодветна институционална реакција согласно со одредбите на Виенската конвенција за дипломатски односи, која јасно ги утврдува рамките на дипломатското дејствување и принципот на немешање во внатрешните работи на државата на прием, информираат од МНР

Шест дена откако МВР распиша меѓународна потерница за Ива Михаилова, министерот за правда потврдува дека Македонија нема добиено информација за нејзино лоцирање и приведување.

Веќе осум дена трае и истрагата на МВР која треба да утврди дали Михаилова границата ја минала нелегално на легален граничен премин или некаде на зелениот појас од граничната линија, но и дали имала помош од македонски службеници или бугарските служби. Бугарско МНР веќе негираше поврзаност со бегството на Ива, а премиерот Мицкоски најави дека сите информации кои ќе ги открие истрагата ќе бидат сподели и со НАТО партнерите.