МНР: Соседите да се занимаваат со своите проблеми, а не со Македонија

Во Македонија има избрани претставници од граѓаните и тие се единствените легитимни фактори во носењето одлуки. Би било добро кога македонскиот концепт на мултикултурна интеграција во општеството базирано на европски вредности би го применувале и соседните земји, се вели во реакцијата на македонското Министерство за надворешни работи на последните коментари на албанскиот премиер Еди Рама и на други политичари од регионот во врска со политичките случувања во Македонија.
- Политичарите од соседството кои упорно се обидуваат да го оттргнат вниманието од проблемите дома, со потпалување оган кај соседи одат спротивно на европските вредности. Секако дека им е најпривлечно да се занимаваат со соседни земји во услови кога тешко им оди со реалните потреби на граѓаните во сопствената земја. Сепак, за сите ќе биде најдобро да се посветат на реформите што им се толку многу потребни пред да мечтаат за лидерство и да креираат поделби во регионот, велат од МНР.
Оттаму истакнуваат и дека македонското видување е оти нема посебен интерес од кое било вмешување во внатрешните работи на македонија.
- Немаме посебна намера да се впуштаме во анализи на тоа кој се се вмешува и за каква цел. Би ги упатиле сите заинтересирани страни да ја почитуваат македонската сувереност и изразената волја на граѓаните. Тие се единствените надлежни да носат одлуки за државата, стои во реакција.
Македонија, додаваат од Министерството, останува посветена на своите цели и принципи.
- Праксата ни докажа дека добри решенија за земјата мора да потекнуваат од интересите на нашите граѓани. Таквиот став е и во функција на европската интеграција на земјата. Само суверена, ефективна и ефикасна Македонија може да придопнесе во проектот кој е масовно поддржан од македонските граѓани, се наведува во реакцијата од македонското МНР.
Ново на Сител
-

Три лица завршија во притвор: Кроеле план за одмазда на нивните браќа кои биле осудени за тероризам
-

Кумановци одбележуваат 82 години од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош
-

Измамена 76-годишна жена од Битола за 7 000 евра
-

Ѓорѓиевски: Скопје добива нов лик, интензивно се работи на клучката кај „Момин Поток“ и на „Љубљанска“
-

Арагчи: Иран би можел да нападне американски бази како одговор на потенцијален напад
-

Саудиската лига губи милијарди по заминувањето на Фокс спортс поради контроверзноста околу Роналдо
-

Приведен скопјанец, од фирмата каде е вработен одзел близу три милиони денари
-

Истражна постапка против три лица за „злосторничко здружување“, определен притвор
