МНТ со „Животот е прекрасен" на фестивалот „Митем“ во Будимпешта

Македонскиот народен театар со претставата „Животот е прекрасен“, во режија на Александар Морфов, утре ќе гостува на престижниот Меѓународен театарски фестивал „Митем“ во Будимпешта.
МНТ соопшти дека со ова гостување почнува меѓународното претставување на „Животот е прекрасен“.
- За МНТ ова ќе биде голем предизвик и искуство да застане рамо до рамо со врвни театарски куќи и светски познати режисерски имиња. На фестивалската програма на четвртото издание на Фестивалот ќе се прикажат театарски куќи од 11 земји со претстави потпишани од страна на врвни режисерски имиња: Еуџенио Барба, Валериј Фокин, Атила Видњански, Давид Дојашвили,Томас Ричардс, Виктор Рижаков, Александар Морфов, Ана Петерсон, Раду Африм, Алвис Херманис, Искандер Сакаев, Римас Туминас, Силвиу Пуркарете, Еимунтас Некрошиус и други, посочуваат од МНТ.
Целта на фестивалот е да се презентира извонредна разновидност на уметноста на театарот од целиот свет. МНТ годинава ќе биде дел од официјалната програма на МЕСС, а потоа следуваат гостувања во Грац, Виена, Загреб, Белград, Подгорица, Хамбург, Берлин, Торонто.
Ново на Сител
-

28 пожари на отворен простор, 11 се уште активни
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Преглед на вестите од светот
-

30 дневен притвор за возач од СОЗР поради примање мито
-

Пожарите не стивнуваат: Пламените јазици кај месноста Рамно, нов предизвик за скопските пожарникари
-

ВМРО-ДПМНЕ направи споредба на економските политики со претходната власт
-

Се зголемува бројот на семејно насилство, институциите не можат да направат навремена проценка на случаите
-

Портокалово предупредување, висок пожарен ризик
