МО на Русија: Дрон удри во зграда во изградба во Москва, а други два беа соборени

Беспилотно летало удри во зграда во изградба во московскиот деловен кварт, а други две биле соборени од руската противвоздушна одбрана во близина на главниот град.
Во нападот извршен ноќеска нема повредени лица, соопшти руското Министерство за одбрана. Се наведува дека беспилотните летала биле украински. Засега нема реакција од Украина.
Во соопштението на руското МО се вели дека едно беспилотното летало се урнало врз зграда во изградба во Москва што предизвикало мали оштетувања.
- Два дрона беа соборени во областите Можајски и Химки во московскиот регион, односно југозападно и северозападно од главниот град на Русија, соопшти Министерството за одбрана.
Сите четири московски аеродроми привремено престанаа со работа, но сега повторно работат, изјави претставник на властите.
Руските власти објавија вчера дека противвоздушната одбрана на земјата соборила четири украински беспилотни летала во близина на главниот град и во областа Брјанск, која граничи со Украина.
Ново на Сител
-

Во Владата состанок за реформската агенда
-

Двајца загинати и еден тешко повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп - Градско
-

Приведен маж кој демнел и се заканувал на сопругата со која се во бракоразводна постапка
-

21-годишен мотоциклист тешко повреден откако удрил во карпа
-

Прегазена 52-годишна жена од Скопје
-

Британскиот министер за Северна Ирска, Хилари Бен, тврди дека немирите во Белфаст се расистичко насилство
-

Преземени мерки за справување со пожарите, воздухопловите и возилата сервисирани навреме, вели Мицкоски
-

Останува проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти, десетици заинтересирани компании за дата центри
