Свет
12. May 2016 - 8:37

Мобилна полициска единица за контрола на миграцијата во Чешка

Чешката Влада го одобри барањето на министерот за внатрешни работи Милан Хованец за основање на нова мобилна полициска единица за брза интервенција во областа на нелегалната миграција, заштита на границата и обезбедување на јавниот ред.

Единицата составена од 181 лице, по потреба може да дејствува и во прифатилиштата за бегалци, јави дописникот на МИА од Прага.

Според Министерството, мерките треба да ја „продлабочат подготвеноста на чешката полиција за ризиците поврзани со можниот миграциски бран".

Мобилната единица ќе има седиште во чешките градови, Прага, Брно, Острава и Пардубице.