Модерна планира да ја снабди Кина со вакцини против Ковид-19
Директорот на американската биотехнолошка компанија Модерна, Стефан Бансел изјави дека разговарал со претставници на кинеската Влада за снабдување на Кина со вакцини против коронавирусот.
– Ние сме отворени (за договор), имаме капацитет, истакна Бансел.
Тој додаде дека сè уште не е донесена одлука за испорака на вакцини против Ковид-19 во Кина, а исто така не откри дали Модерна ја доставила својата вакцина на одобрување од кинеските регулатори.
Има околу 20 проценти шанси дека оваа зима ќе се појави проблематичен сој на вирусот, посочи Бансел.
Директорот на Модерна, кој е во посета на Токио изјави дека компанијата размислува за изградба на капацитети во Јапонија за производство на производи со помош на РНК технологија.
Јапонија вчера одобри дополнителни дози на вакцините Модерна и на Фајзер за сојот Омикрон.
Минатиот месец, Модерна поднесе тужба против Фајзер и нејзиниот партнер БиоНТек за прекршување на патент во развојот на првата вакцина против Ковид-19 одобрена во САД.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Православните христијани го празнуваат Божиќ, денот на Христовото раѓање
-
Охрид исполнет со туристи за божиќните празници
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Скопје и денеска најзагаден град во светот, премиерот најавува конкретни мерки но потребни ќе бидат повеќе години
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник