Могерини добила уверување од администрацијата на Трамп дека САД ќе се придржува кон нуклераниот договор со Иран
Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини изјави денеска дека добила уверување на средбата со членови од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, оти САД ќе се придржува кон нуклеарниот договор на Иран со светските сили.
- Останав со убедувањето од она што го слушнав на средбите во Белата куќа и Стеј департментот дека САД се подготвени за целосна имплементација на договорот, посочи Могерини.
Шефот на европската дипломатија исто така наведе дека новата американска администрација се уште не одлучила кој ќе биде новиот амбасадор на САД во ЕУ, ниту што ќе се случи со блокираните трговски преговори меѓу Унијата и Вашингтон.
Могерини е на дводневна посета во Вашингтон, првпат по стапувањето на должност на новиот претседател Доналд Трамп.
Денеска таа разговараше со државниот секретар Рекс Тилерсон и се состана со Мајкл Флин, советникот на претседателот за национална безбедност.
Ново на Сител
-
Членовите на „СпејсИкс“ се вратија на Земјата
-
Вулин: Не треба да влеземе во ЕУ ако цената е признавањето на Косово
-
Град Скопје: Нов зелен појас на кејот на Вардар
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се погледне во огледало за сите предавства што ги направи на македонскиот народ
-
Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да преговара со Бугарија
-
Валандовец запалил возило на сограѓанин
-
Вечерва во прекин сообраќајот на патниот правец Куманово – Лопате
-
Краделе од нива, приведени три лица од Кавадарци