Свет
9. September 2016 - 17:25

Могерини: ЕУ и Турција се согласни дека не може да има воено решение на сирискиот конфликт

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека 28-те земји членки на ЕУ и Турција оцениле оти не може да има воено решение на сирискиот конфликт и дека единствено политичко решение може да донесе мир во земјата. 

Федерика Могерини истакна денеска, по разговорот со турските министри за надворешни работи и за ЕУ, дека Алијансата и Турција се договориле да работат заедно на подготовките за прекин на огнот во Сирија. 

- Треба да има промена на сегашното сириски раководство. Територијалниот интегритет и единство на Сирија треба да бидат гарантирани, а сите малцинства да бидат заштитени во една земја, каде нема да бидат разделени врз етничка или верска основа, посочи Могерини.