Могерини: Иднината на Албанија зависи од реформите во правосудството
Високата претставничка на Европска унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини оцени дека односите меѓу Албанија и ЕУ зависат од албанските институции.
Институциите, според неа, треба да спроведат темелни реформи, посебно оние во правосуството.
- Последните два дена ги минав меѓу Тирана, Париз и Рабат. Турнејата ја почнав во четвртокот од Албанија каде зборував за иднината на односите на земјата со Европа, која најмногу зависи од способноста на албанските институции да ги реализираат темелните реформи. почнувајќи од судските реформи. Овие реформи не се прават заради Брисел, туку за граѓаните на Албанија. Тоа беше она за кое разговарав со претседателот Бујар Нишани, премиерот Еди Рама, министерот за надворешни работи Дитмир Бушати, спикерот на Парламентот Илир Мета и членови на опозицијата, објави синоќа Могерини на Твитер.
Успехот на Албанија, наведува понатаму Могерини, може да биде успех за целата ЕУ поради „нашата потреба за соработка, која, од ден на ден, расте: поради безбедноста и тероризмот, во спречувањето на радикализмот, за стабилноста на Балканот, справување со бранот беглци кои бегаат од војната во Сирија“.
Ново на Сител
-
Пад од два поени на Индексот на перцепција на корупцијата 2024
-
ДЗР: Утврдени слабости во работењето на Централен регистар кои влијаат на реалноста на финансиските извештаи за 2023 година
-
Поради дефект без вода дел од Сопиште
-
Едно лице убиено, а едно повредено во престрелка во Топанско поле
-
Успешно завршено Националното кик бокс првенство, кик боксот спорт број 1 во Македонија
-
Дончиќ дебитираше за Лејкерс, „езерџиите“ запишаа шеста победа по ред
-
Нова серија на земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос
-
Седници на четири собраниски комисии