Свет
21. March 2017 - 10:09

Могерини загрижена поради предлогот на Трамп за намалување на американската помош

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изрази загриженост поради предлогот на администрацијата на Доналд Трамп за големо намалување на американската надворешна помош.

На меѓународна конференција за нуклеарна политика, таа предупреди дека значителното намалување на американската надворешна помош ќе дестабилизира големи делови од светот.

Могерини додаде дека тоа лошо ќе влијае и на безбедноста на САД.