Македонија
1. March 2018 - 14:48

Момче избодено на Рекорд

З.Т. роден 2001 година денес околу 12:40 часот бил избоден со нож  на автобуската постојка Рекорд, информираат од МВР.

Момчето било нападнато од две лица и прободено со остар предмет во пределот на стомакот.

Со возило на Итна медицинска помош е префрлен во ГОБ Св.Наум Охридски.

Се работи на расчистување на случајот.