Свет
23. February 2019 - 15:41

Момче паднало во река, а против силните струи не можело ништо: Полицајци го спасија на феноменален начин

Кинески полицајци на неверојатен начин спасија едно момче кое водата го носела. 
 
Момчето (11) паднало во водата откако си играло покрај брегот, а силните струи почнале да носат многу брзо. 
 
Полицајците истрчале од комбето и побрзале да го спасат момчето. Еден од нив успеал да го фати за рака, но не можел сам да го извлече бидејќи водата носела. 
 
И поради тоа уште три полицајци дошле на помош и држејќи се еден со друг за рака го извлекле детето. 
 
Веднаш го однеле во болница, за среќа не се здобило со сериозни повреди.