Момче пресечено на пола ги молело лекарите да ги донираат неговите органи
Хариш Нанџапа (23) е смртно повреден кога камион на локален пат во Индија удрил во неговиот мотоцикл, а потоа го прегазил, известува „Тајмс оф Индија“. Починал неколку минути по доаѓањето во болница, а лекарите успеле да ги спасат само неговите очи за пресадување.
Нанаџапи се враќал дома по гласањето на локалните избори, кога се случила трагедија. Камион натоварен со вреќи шеќер се обидел да претекне, но го удрил неговиот мотоцикл. Несреќното момче одлетало под тркалата кои буквално го пресекле на два дела.
Тој неколку минути лежал во локва крв, гледајќи си ја долната половина од своето тело која била отфрлена неколку метри. Очајно барал помош додека автомобили поминувале покрај него. Некои минувачи го снимиле, односно неговата долна половина од телото, додека мавтал со рацете, а други повикале полиција и итна помош.
-Две амбулантни возила стигнале на местото на несреќата во рок од 7-8 минути. Повредениот итно е префрлен во најблиската болница, каде починал по неколку минути, изјавија од полицијата.
Возачот на камионот е уапсен и обвинет за предизвикување сообраќајна несреќа со смртен исход.
-Ги зедовме очите на Нанџап за натамошно пресадување. Неверојатно е како човек,. пресечен на два дела, и така лежел на асфалтот, бил способен јасно да расудува и донесува одлуки. Немал повреда на главата бидејќи носел кацига, изјави д-р Буџанг Шети, дирекрот на болницата.
Неговиот колега д-р Аџит Бенедикт Рајан, оценил дека несреќното момче „херојски ги донирало органите за да им помогне на другите, иако лежел среде патот, пресечен на пола“.
Ново на Сител
-
Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен в четврток во Скопје
-
Битолчанец пронашол 10 рачни бомби при чистење на стан
-
Турски државјанин пронајден мртов во Скопје
-
MВР: Пронајдена метална кутија со 151 куршум
-
Стојановска и Биковски избрани за Републичко обвинителство, во ОЈОГОКК ќе се придружат Хаџи Василева и Азизи
-
Собранието донесе неколку закони и потребата за донесување на закони по скратена постапка
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Мицкоски на средба со претседателот на Австрија