Момчето Сулејман Муратовиќ се покрсти и стана Душан Обреновиќ

Таткото, кој потекнува од Брчко, рекол "нема проблем", сестрата не се побуни, а неговата мајка не била воодушевена. Воодушевен бил Душан, кој од мал го сакал православието.
- Таткото е, да речеме, атеист. Тој не ми бранеше, ми рече: "Сине, ако одлучиш така, прави така ". И јас, со Божја помош (крштавање) 2016 година, на 8-ми мај, на Марковден, се крстев во манастирот Бањаска, со отец Данил, игуман, се сеќава Душан.
Тој го зел името по династијата Обреновиќ, името на царот Душан и славата св. Јован. Повеќето пријатели од Косовска Митровица ја прифатија неговата одлука, но има и сограѓани на кои не им се допаднало ова.
- Има некои кои се вознемируваат, некои од градот, некои муслимани исмаилчани, им смета што сум крстен. Постојат некои православни христијани на кои им смета и ми дофрлаат разни работи по улица, но не ми е гајле. Бог е оној кој ќе им суди на сите, не ми е гајле за тоа. Не ги мразам - вели Душан.
Тоа е неговата приказна.
Ново на Сител
-

СП 2026: За Белингем најважно е да остане позитивна атмосфера
-

Приведен 16-годишник кој со нож избодел две години помладо момче
-

МВР: Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Шар Планина
-

УХМР: Во Куманово и околината поројни дождови, а невремето се движи од запад кон исток
-

Ѓорѓиевски: Планинска спасителна служба на Водно и во Кањон Матка - безбедноста на граѓаните е наша обврска
-

Носкова: Ова никогаш нема да го заборавам
-

СП 2026: Аргентинците веруваат во одбрана на титулата
-

СП 2026: Норвешка сега ја има на фудбалската карта
