Живот
28. July 2015 - 14:53

Момчиња се здобиле со сериозни изгореници додека биле во градинка - Мајката револтирана

Мајка од Оклахома останала шокирана откако ги видела изгорениците на своите деца кои ги добиле за време на играње во училишниот двор.
 
26- годишната мајка случајот го пријавила во полиција, затоа што децата не биле заштитени од екстремно високите температури.
 
Момчињата кои се на возраст од 5 и 7 години на кожата добиле огромни меури од изгореници по што морале да ги хоспитализираат.
 
Откако биле пренесени во локалната болница, поради сериозноста на изгорениците биле испратени во детската болница во Галвстон.
 
Воочени се изгореници од втор степен, а се очекува момчињата да бидат задржани во болница од четири до пет дена.