Mомчиња уапсени на скопскиот аеродром
Две момчиња се уапсени на скопскиот аеродром. Вчера утрината во 06:20 часот на Граничен премин Аеродром „Скопје“ на излез од Р.Македонија, при пасошка контрола на 22-годишниот Е.М. од Р.Aлбанија, било утврдено дека користи туѓа албанска патна исправа.
Лицето е приведено за понатамошна постапка.
Истиот ден во 05:30 часот на Граничен премин Аеродром „Скопје“ на излез од Р.Македонија, при пасошка контрола на 22-годишниот К.Н. од Р.Србија, утврдено било дека српската патна исправа во делот на биометриската страница е целосно фалсификувана.
Подоцна лицето приложило и српска лична карта и српска возачка дозвола, кои исто така се фалсификувани. По извршената детална контрола, во неговиот паричник била пронајдена косовска лична карта на негово име. Лицето е приведено за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата