Живот
3. February 2016 - 8:32

Моментот кога една од најубавите плажи се претвора во една од најморничавите

Плажата Махо, која се наоѓа на островот Сент Матин на Карибите е специфична, бидејќи над неа ниско надлетуваат авиони.

Меѓународниот аеродром „Принсес Џулиана“ на карипскиот остров Сент Мартин се наоѓа исклучително блиску до островот Махо и поради тоа минувачите се предупредуваат посебно да внимаваат. сепак, многумина од нив ги занемаруваат тие предупредувања.

Пистата на аеродромот и плажата Махо одвоени се само со ограда, па многбројните љубопитни лица знаат и чекаат близу оградата да ги видат заминувањата на авионите од аеродромот, занемарувајќи го фактот дека потисната сила од млазните мотори станува се посилна и оти може буквално да ги „оддува“.