МОН: Целото општество да се вклучи во превенцијата и надминувањето на појавите на насилство
Министерството за образование и наука е посветено на борбата против насилството во училиштата, затоа што веруваме дека образовните установи треба да ги градиме како сигурни места, каде децата и младите безбедно учат и се дружат.
Секое дете има право да оди на училиште и да учи, без страв. Ги повикуваме наставниците, стручните соработници, родителите и другите учесници во образовниот процес - сите да работиме заедно, бидејќи имаме заедничка цел: да ги заштитиме учениците од врсничко насилство.
Само ако целото општество се вклучи во превенцијата и надминувањето на појавите на насилство, можеме да успееме.
Проблемот на врсничкото насилство ниту е нов, ни може магично да се реши. Тоа е комплексен и сериозен проблем. Министерство за образование и наука работи на зајкнување на постоечките процедури и постапки за функционирање на системот на заштита на децата во училиште. За да успееме, потребна ни е помош од сите кои добронамерно сакаат да излеземе како победници во борбата со ова зло.
Родителите со право се вознемирени, сите сме вознемирени – сликите од соседството се застрашувачки. Но, да не дозволиме децата да бидат залог во манипулативни обвинувања и да се отргнеме од се што не нѐ води напред.
Како општество можеме да ги заштитиме нашите деца, ако сите заедно, и во семејствата и во училишните колективи, им пристапиме на децата како на најголема вредност. Да почнеме со јакнење на довербата родител-ученик и наставник-ученик.
Како Министерството, ќе преземе сѐ за да ја зајакнеме воспитната компонента на образовниот процес и да им помогнеме на наставниците и стручните кадри во надградба на капацитетите за препознавање и спречување на насилство.
Министерство за образование и наука
Ново на Сител
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
-

Расте цената на нафтата на светските пазари, неизвесно дали ќе поскапат горивата во земјава
-

Тетовчанец под дејство на алкохол приведен откако со возило удрил три малолетници
