МОН ги објави конкурсите за стипендии во странство, од оваа година под нови услови
Од 400 студенти кои завршиле на еден од десетте најреномирани универзитети од шангајската листа, до сега едвај половина се вратиле назад во државата и го испочитувале договорот за стипендија. МОН ги менува условите за стипендирање со кои ќе ги обврзе младите да креираат профил во новиот регистар и по студииите тие мора да се вратат да работат во државава онолку години колку што студирале. Во спротивно ќе го вратат целиот износ кој го добиле од МОН.
„Целта на измените е да се обезбеди ефективност на оваа мерка која, чини многу пари, ако се има предвид дека студирањето на најдобрите универзитети е исклучително скапо и на годишно ниво исплаќаме до 40.000 американски долари само за покривање на уписнината, а дополнително се покриваат и трошоците за живот, сместување и превоз на нашите студенти“,
Оние пак кои ќе добијат работа во некоја од светските компании повторно се условени по најмногу три години да се вратат во Македонија.
Со новите измени во законот за високо образование, министерката најави дека не само што ќе се менуваат студиски програми на домашните универизитети, целосно ќе ја реформираат и Агенцијата која одобрува акредитации чиј директор неодамна е разрешен.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар