МОН ги повика наставниците да достават предлози за новите наставни програми

За да обезбедиме квалитетен ран детски развој и да изградиме ефикасен и ефективен воспитно образовен систем со добра и силна основа, кој пред сè ќе биде цврст, безбеден и отпорен на разни промени и потреси, потребно ни е здраво и цврсто основно образование. Во таа насока, создаваме нов образовен модел за основно образование и нови и квалитетни наставни планови и програми за учениците од 1-3 одделение. Работната група која го создава овој нов образовен модел, се состои од експерти во областа, професори од Филозофскиот факултет и Педагошкиот институт, но и практичари во областа, односно наставници кои работат со ученици од 1-3 одделение, стои во повикот на МОН.
Новиот образовен модел, го засега, и се однесува на работата на наставниот кадар.
За да создадеме што е можно подобар и поквалитетен образовен модел, сакаме да го слушнеме гласот и мислењето на лицата кои секојдневно се вклучени во образовниот процес, наставниците.
За таа цел, Министерството за образование и наука бара и очекува од наставниците од одделенската настава, како и сите компетентни и заинтересирани лица, активно да се вклучат во процесот на градењето на новиот модел за основно образование и да достават свои критики, коментари и предлози за подобрување на новите наставни програми и реформите во основното образование.
Вашите коментари и предлози се добредојдени и ги очекуваме на npp@mon.gov.mk, а можете истите да ги доставите и до архивата на Министерството за образование и наука (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54).
МОН наскоро очекува да ги добие и новите наставни програми за второ и трето одделение.
Ново на Сител
-

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-

Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животна средина
-

На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, не се регистрирани сериозни инциденти
-

Мицкоски од Брвеница: Довербата се гради со одговорна работа и конкретни проекти
-

Ноќеска часовниците ги враќаме еден час назад - почнува зимското сметање на времето
-

Кривична пријава против две лица поради нелегален транспорт на дрва
-

Во гостиварско приведени четири лица откако биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато
-

Приведени повеќе лица за нарушување јавен рeд и мир со меѓусебна физичка пресметка, употребиле стаклен предмет
