МОН: Исплатени се студентските стипендии заклучно со март
Министерството за образование и наука сопшти дека се исплатени средствата за студентски стипендии, со што сите стари и нови корисници на стипендии ги добиле парите за тековната академска година, заклучно со март.
-Во меѓувреме, исплатена им е и втората рата на сите студенти кои имаат потпишано анекс кон договорот за стипендија и навремено доставиле спогодба за користење зголемен износ на стипендија. Со оваа исплата се надоместува разликата помеѓу стариот и новиот зголемен износ на стипендијата што ја користат, за пет месеци, информира Министерството за образование и наука.
МОН наведува и дека етапно се реализира исплатата на средства за субвенционирање на патните трошоци за сите студенти кои студираат надвор од местото на живеење и го оствариле правото за користење на оваа антикризна мерка која предвидува месечен надомест до 1.200 денари за период од седум месеци.
-МОН се грижи за студентите и го унапредува студентскиот стандард. Со редовните исплати на финансиските права, младите добиваат голема поддршка и имаат една грижа помалку во текот на образовниот процес, стои во соопштението на Министерството за образование и наука.
Ново на Сител
-

Цената на горивата повторно драстично се покачи - Каква е состојбата на бензиските станици?
-

За ангажираните професионалци, 16 март 2025 ќе остане најтежок во нивната кариера
-

Разговор со градоначалникот Грозданов и директорката на болницата во Кочани, Паниќ-Мирчовска
-

Разговор со Томи Димитријев и Марко Димитријев - Support Kocani
-

Разговор со Томчо Стојанов, татко на Андреј кој загина во пожарот во „Пулс“
-

Настап кој заврши како трагедија - Кобната ноќ во Пулс
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

„Пулс“ во судница: Кој е виновен за трагедијата во Кочани?
