МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми

Испораката на учебниците завршува деновиве, а електронскиот дневник функционира без проблеми, преку соопштение истакнуваат попладнево од Министерството за образование и наука.
- Министерството за образование и наука реагира на прес-конференцијата на политичката партија СДСМ од каде со истите, препишани лански соопштенија се обидуваат да девалвираат нешто што е добро сработено сега, а требало токму тие да го сработат во изминатите седум години. За жал, четири нивни министри не успеаја да обезбедат нови учебници, ниту пак да го унапредат електронскиот дневник со кој наставниците имаа големи предизвици до оваа учебна година, пишува во соопштението.
Оттаму додаваат дека учебници има за сите ученици.
- Министерството за образование и наука годинава го испечати целиот тираж кој го побараа сите училишта, преку посебната електронска апликација за пријавување на потребни количини на учебници. Испечатени се претходно одобрените учебници по сите предмети, новите за седмо одделение и за прва година во гимназиите, но и новите по странските јазици по кои недостасуваа седум години. Најголем дел од тиражот, над 90 отсто се испорачани, а на дистрибутерите им се потребни уште неколку дена за да ја заокружат целосно испораката. Понатаму, планот за распределба на учебниците кон ученици го прават училишните раководства и персоналот, се додава во соопштението.
По однос на новиот електронски дневник, информираат дека тој е изработен со поддршка од Европската Унија преку ИПА-фондовите, тестиран бил заедно со корисниците и функционирал одлично.
- Во системот веќе се евидентирани повеќе од 250 илјади корисници - наставници, класни раководители, директори и администратори. Веќе се внесени повеќе од 90 проценти од податоците за учебната 2025/2026 година. Над 15 илјади паралелки се креирани, а класните раководители внесоа над 3.000 распореди. Податоците од старите системи се пренесени во новиот систем, се потенцира во соопштението.
Од почетокот на користењето на системот, како што се додава, нема никакви предизвици, а Министерството било постојано на располагање за каква било потребна корисничка и техничка поддршка преку службена е-пошта.
- Функционалноста на е-дневникот се проверува многу едноставно, од страна на кој било граѓанин, електронски со пристапување кон линкот https://ednevnik.edu.mk . Лесно можат и СДСМ да проверат. Но, болката им е неуспехот од изминатите години кој ги одведе во опозиција, па оттука и ваквите паушални обвинувања за да создадат слика дека сите се исти како нив. Потсетуваме, четири министри за образование се сменија во мандатот на претходната Влада и никој ниту обезбеди учебници, ниту активираше функционален електронски дневник, се додава во соопштението на Министерството за образование и наука.
МИА
Ново на Сител
-

Рекордна масовност на 1. Национално кикбокс првенство 2026 во Скопје – 441 натпреварувач од 29 клубови
-

Тошковски за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство, а сопругот бил апсен и имал криминално досие
-

Сиљановска-Давкова - Руте: Северна Македонија игра значајна улога во заштитата на безбедноста на Западен Балкан
-

Се работи на враќање на македонски граѓани од Израел, Обединети Арапски Емирати и Катар
-

Се проширува истрагата против дваесет и петгодишниот овчар од Старо Нагоричане
-

Кривична за 30-годишен припадник на Армијата, во ранецот му пронашле марихуана
-

10-годишно дете почина по пад од тераса во Тетово
-

Десет кривични имал сопругот на Ивана, на вчерашната трагедија и претходела расправија
