МОН: Ја интензивиравме дистрибуцијата на учебниците за основците
– Министерството за образование и наука денеска информира дека е интензивирана дистрибуцијата на учебниците за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование.
Како што информираат, обезбедувањето со потребните наставни материјали за учениците од основните училишта се одвива согласно однапред утврдена динамика.
-Денеска, учениците од кумановските села Лопате и Черкезе, како и училиштата во општините Сарај, Струга и Боговиње согласно договорите за печатење, ќе добијат учебници по албански јазик и математика за прво одделение, природни науки за прво, второ и четврто одделение и историја и општество за четврто и петто одделение, сите на албански наставен јазик. Во текот на вчерашниот ден, исто така согласно четвртиот договор, учебници на албански наставен јазик, беа доставени во општините Липково, Тетово и Желино, се наведува во соопштението од МОН.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
