МОН: Надградба на објектот на „Кирил Пејчиновиќ“ по обезбедена локација и градежна дозвола
Министерството за образование и наука во реакцијата на соопштението на СДСМ, кој бара решавање на просторниот проблем на учениците во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, наведува дека откако општината и надлежните институции ќе обезбедат локација и градежна дозвола ќе биде распишана и јавна набавка за изработка на проект за надградба.
- Со цел поддршка на мултикултурализмот и мултиетничкиот карактер на образовниот процес во СОУ „Кирил Пејчиновиќ“, Министерството за образование и наука презема обврска за надградба на постојниот објект во кој сите ученици интегрирано ќе ја следат наставата. Откако општината и надлежните институции ќе обезбедат чиста локација и градежна дозвола, ќе биде распишана и јавна набавка за изработка на проект за надградба, а потоа врз основа на проектното решение, ќе се избере и компанија изведувач на градежните работи, пишува во реакцијата на МОН.
Според Министерството, барањето на СДСМ да се реши просторниот проблем на учениците во таа тетовска гимназија е „инволвирање на учениците и студентите во политички игри“ со кои партијата „се обидува да поентира претставувајќи се како нивни заштитник и поддржувач“.
- Крајно лицемерно и иронично, затоа што во времето на нивното владеење и раководење со институциите на системот, не реализираа ниту еден проект, мерка или активност во насока на подигнување на ученичкиот и студентскиот стандард и во насока на унапредување на квалитетот на образовниот систем, а особено на инфраструктурните услови кои, за разлика од минатото, денес се врвен приоритет во генералните владини политики. Тоа го потврдува фактот што само во изминатите неколку години изградени се 74 нови училишни објекти и 60 училишни спортски сали, а 400 постојни училишта се реконструирани, пишува во реакцијата на МОН, кое додава и дека во интензивната инвестициска активност во наредниот период општина Тетово ќе продолжи да биде дел од агендата.
МОН апелира до СДСМ наместо инволвирање на учениците и студентите во дневно-политичките игри и, како што стои во реакцијата, „подгревањето на меѓуетничките односи“, да се посвети на креирање и понуда на конкретни мерки и активности за унапредување на образовната сфера.
Ново на Сител
-
700 „фантоми“ се уште се невидливи за државата: 13-годишно девојче конечно доби извод
-
Преглед на вестите од светот
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции
-
35 апликации од општините за финансирање проекти од државниот буџет
-
Дел од помладите не знаат за спомен обележјата во градот
-
Расте интересот за младински волонтеризам во Црвениот крст во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри