МОН: Се одобруваат нови учебници за средно стручно образование, ќе се печатат етапно

Набавката на целосно нови учебници со ажурирани податоци, без нелогичности, навредливи и дискриминаторски содржини и технички грешки, покрај во основното образование е значајна компонента и на реформата на средното стручно образование.
Информираме дека само во 2022 година, Педагошката служба одобри 100тина учебници за средно стручно четиригодишно образование, за општо-образовни предмети и за Математичко-информатичката гимназија. А за голем број предмети, постапките за изработка и одобрување на учебници се во тек. Листата со одобрени учебници постојано ќе се надополнува и како што најави министерот, постапките за печатење етапно ќе се заокружуваат сè додека целиот процес за сите учебници не биде завршен.
Во буџетот на МОН секоја година се предвидуваат наменски средства за одобрување, односно набавка, печатење и дистрибуција на учебници за основно и средно образование. На почетокот на годинава приоритет се даде на учебниците во основното образование, а наскоро ќе започне и печатењето на учебници за средно стручно образование, кои се одобрени и за прв пат ќе ја најдат својата примена во наставата. Со тоа ќе се надмине предизвикот кој постоеше долги години наназад, по многу предмети во средното стручно образование кое е дефицитарно и во фокусот на политиките за развој и промоција, не постоеја никакви учебници.
Материјалите од кои учениците учат се директно поврзани со наставните програми, постигнувањето на планираните резултати од учењето и стекнувањето на потребни компетенции. И затоа, овој процес иако е прилично комплексен, МОН и другите надлежни иниституции, тела и органи се заложуваат истиот да се интензивира, во интерес на обезбедувањето поквалитетно образование за младите, чии потреби и барања секогаш ќе бидат приоритет на институциите на системот.
Министерство за образование и наука
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сотирис Минас, поет од Грција
-

Хуманитарен пикник на „Алкалоид” – 2,2 милиони денари за Клиниката за детски болести „Козле”
-

ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер со владината реконструкција
-

Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Бугарија
-

„Дозволуваме поединци да се богатат со уништување на нашето богатство“, велат од „Анима Мунди“ за ловот на дивеч
-

Епидемијата на западно-нилска треска активна – 10 хоспитализирани, двајца на Интензивна
-

Македонската песна „Што ми е мило, ем драго“ стигна до Холивуд, употребена е во филм со актерите Метју Меконахи и Курт Расел
-

Сотирис Минас ја промовираше книгата „Раскинување на договорот“
