МОН затвори уште еден приватен институт, ќе се мониторираат дипломите и магистерските
Затгворен уште еден приватен Институт, Лаор од Тетово. Се регистрирале како научен институтот а функционирале само како приватна лабораторија. МОН продолжува со проверки на стандардите по кои до сега работеле високообразовни установи. Во иднина ќе се мониторира и начинот на кој се добиваат дипломите и магистратурата преку измени во законот за високо образование. За оваа година МОН доби поголем буџет од 38 милјарди денари за подобрување на капацитетите но и повеќе пари за студентите.
Членот во законот за средно кој предвидува интонирање на химната веројатно ќе биде изоставен, во тек се разговори во рамки на коалицијата вели министерката. Повеќе нема да има грешки во лекциите, МОН ја олеснува постапката за набавка на учебници со тоа што ги враќа кај издавачките куќи но учебниците и натаму ќе бидат бесплатни за учениците.
„Ќе го продолжиме процесот на оптимизација, едносменска настава. Анализа се прави на 100 објекти за една смена. Преку светска банка обезбедуваме 500 милиони денари. Повисоки плати за 14 во високото образование. И 8 во основно и средно.“
Министерката најави реформи и менување на сите кабинетски одлуки кои биле носени во минатото на штета на учениците. Јаневска оцени дека учениците на 15 г. возраст заостанувале дури 3 години со знаење во споредба со нивните врсници од европските земји.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар