„Монахот од Тамнава“ - нов роман на Божин Павловски

„Монахот од Тамнава“ е нов роман на Божин Павловски, објавен од „Матица македонска“, за кој во рецензијата е наведено дека „плени со едноставност, со искреност и со вистинитоста на наративниот исказ“.
- Во фонот на човечките доблести, маестрално се извајани цела галерија ликови, почнувајќи од „измислените“ а завршувајќи со „вистинските“ како Хемингвеј, кој не е само метафора туку и своевиден идол за двајца пријатели со писателски амбиции... Романот завршува со глава без глава во потрага по времето педесет години подоцна, и со уверување дека можеби не вреди да се живее, но уште помалку вреди да се умре. Или што би рекол Хемингвеј - човекот може да биде уништен но не и поразен, констатира Блаже Минвски во рецензијата на романот.
Божин Павловски е автор на богат прозен опус, високо вреднуван од критиката и наградуван со дваесетина престижни национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на Интербалканската награда за литература во Солун и на државната награда „11 Октомври“ за животно дело од областа на кутурата. Член е на Македонската академија на науките и уметностите од 1988 година.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
-

Помалку убиства во Македонија за една деценија, Црна Гора предничи во регионот, а Литванија во ЕУ
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва, денеска ќе се сретнат со Путин
-

Најстудено утрово во Струмица, најтопло во Демир Капија
-

Над 1.000 магистри и 39 доктори на науки се водат како невработени во Македонија
-

„Волстрит џурнал“: Трамп го поддржува Венс за директни разговори со Резаи
-

Зеленски се надева на конкретни резултати од преговорите за крај на војната до крајот на годината
-

Македонија сè попривлечна за туристите – над 136.000 посетители во септември, од нив речиси 28.000 од Турција
