Моника Белучи: Не вреди убавината доколку нема талент за глума

Италијанската актерка и поранешна манекенка Моника Белучи нагласи дека не вреди убавината доколку немаме талент за глума, а годините се само бројка.
-Искрено, не ме интересираат годините. Бесмислено е да се бориш со времето кога веќе знаеш дека ќе изгубиш. Треба да среќни што старееме, особено ако сме опкружени со луѓе кои ги сакаме и нè сакаат. Работите поради кои се чувствувам жива и кои не го одразуваат минувањето на времето се моето семејство, моите пријатели и мојата страст кон работата – изјави Белучи за „Политика“.
Според неа, пандемијата натерала многумина да се соочат со своите ставови и да прифатат дека односот со другите е најважната работа.
-Созревањето за мене е интересно и како актерка, бидејќи имате можност да играте различни улоги.Физички се менуваме, но истовремено со искуството можеме да пренесеме и прикажеме различни емоции и аспекти од животот. Кога сте убави, тоа е како да имате „маска“,објасни Белучи.
„Луѓето размислуваат за вас на одреден начин, без да се оптоваруваат со тоа кои сте и какви сте внатрешно. Секогаш ве следи тој дуализам и предрасуди од типот: „О, таа е убава, таа е глупа“, и со тоа треба да се носите цел живот“, заклучи таа.
МИА
Ново на Сител
-

Обвинителите бараат итна одлука од Уставен за намалените плати
-

ССК со предлог - Плаќање по саатнина за поголема продуктивност на работниците
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови 100 возила за брза помош
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ декласирани во Брвеница
-

Дрвокрадците пустошат - Надлежните најавија засилени контроли
-

Преглед на вестите од светот
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
