Монографија за општина Ѓорче Петров од Марко Китевски
Монографијатата „Ѓорче Петров- сто години населено место и дваесет години локална самоуправа“ е најновото дело на професорот и проучувач на македонскиот фолклор Марко Китевски.
Во монографијата, на 190 страници се опфатени сто години од оваа општина и од населбата Ѓорче Петров. Во воведот има обраќање до читателите од градоначалникот Сокол Митровски.
Има поглавја за животот во општината, за сите населени места со богатите цркви и манастири. Во посебно поглавје е опфатено образованието во општина Ѓорче, каде се застапени сите основни училишта и детската градинка „Росица“. Посебни поглавја има за инфраструктурата, младите, спортот, здравството во општината, пензионерите, еколошките вредности, најмасовните празнувања, спомениците и спомен-обележјата во Ѓорче, значајните објекти...
Опфатени се и сите стопански објекти во општината, како и збратимените општини-Красна Полјана, Софија и Кушадаси, како и општините со кои има блиска соработка - Осечина и Кралево, Србија и општина Ормож, Словенија.
Во монографијата застапени се бројни историски и современи настани, значајни личности кои оставиле траги во развојните, стопански, општествени и културолошки процеси. Читетелите ќе добијат информации за многу населени места, богати со духовни светилишта.
Издавач на монографијата е општина Ѓорче Петров. Фотографиите се изработени од фото студио „Тихо“, фото студио „Метеор дигитал“, како и од приватните архиви на Виктор Лилчиќ, Бобан Пешевски, на авторот на книгата и други жители на Ѓорче Петров. Користени се фотографии и од весници, списанија и книги.
Ново на Сител
-
Сашо Дранго ќе биде разрешен доколку се потврди дека ја застрелал мечката, најави Мицкоски
-
Над 3.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите
-
Најмалку пет лица загинаа во зимската бура во САД
-
Александар Тарабунов со нова песна - „Снегови“
-
Ердоган: Турција ќе воведе 5Г мрежа во 2026 година
-
Српските специјалци ликвидираа маж кој уби едно лице во Јагодина
-
Бројот на загинати од земјотресот во Тибет се искачи на 95
-
Прегазен 66-годишен пешак во Тетово, сторителот побегнал