Монографија за родословот на војводата Веселин Пресечки
Објавена е монографија за родословот на еден од познатите војводи од Пресечкиот и Виничко-кршланскиот крај Веселин Пресечки, чиј автор е Тодор Димитров, долгогодишен прфесор по историја, сега во пензија.
- Се работи за родословот на Димитор Пресечки, од чие колено е и војводата Веселин Пресечки, кој е дел од Востаничката чета во село Пресека, која во 1902 година како одмазда на турскиот аскер за одземеното оружје го запалила селото Истибања. Водачот на четата Веселин Пресечки, познат кај народот како Веселин кумитата е осуден на 101 година робија, истакнува авторот Тодор Димитров.
Во монографијата со слика и текст се прикажани осум генерации на семејството Пресечки кои од село Пресека, Кочанско, низ годините се доселиле во селото Виничка Кршла, а од таму низ повеќе места на Македонија, како и во Европа, Америка и Австралија.
Монографијата изобилува со голем број фотографии кои го сликаат историскиот развој на населбите во Кочанско и Виничко, како и со богат материјал од областа на историјата, етнологијата, археологијата, културата на живеењето на село со стотина години наназад.
Овој монографски труд на Тодор Димитров, ќе им послужи на голем број генерации за проучување на историското, културното и етнолошкото богатство на Пресека и Виничка Кршла, како дел од осоговските села во кои населението ги напуштило родните огништа.
Ново на Сител
-
Советот на Европа со нова критика до Бугарија – Нема свест за правата на малцинствата
-
Владата, синдикатите и работодавачите седнаа на заедничка маса
-
Познати компании го изигрувале Законот за поврат на ДДВ
-
Стручното образование ќе се крои по теркот на потребите на бизнисот
-
До понеделник ќе се знае дали има лекарски пропусти кај починатата родилка во Куманово и бебето на Детска
-
И Македонија и Србија бараат помош од ЕУ за справување со илегалната миграција
-
Ураганот Милтон ја погоди Флорида - 2 жртви и милиони без струја
-
Минчев: Да не се брза со Закон за правична застапеност, потребно е трајно решение