Монструм: Доктор цела недела силувал и дрогирал жена, уапсен „шведски Фрицл“

Докторот монструм изградил бункер во кој планирал да ја држи жртвата и да ја силува со години.
Угледен шветски доктор е уапсен под сомнение дека ја киднапирал, недела дена дрогирал и силувал жена на возраст од 30 години, која имал намера да ја затвори во бунер и да не ја пушта со години.
Несреќната жена, „шведскиот Фрицл“ како што го нарекоа медиумите, ја дрогирал при втората средба во нејзиниот стан во Стокхолм и тоа со јагоди натопени со руфинол.
Потоа ја однесол во Кристианстад, град во јужна Шведска, оддалечен 550 километри од престолнината, ја затворил во бункер кој последните пет години го градел за таа намена.

Шведскиот весник Афтонбладет објави дека киднапиерор при патувањето со автомобил користел две гумени маски, кои подоцна ги пронашла полицијата.
За таа недела, колку што ја држел во заробеништво, докторот монстумот жената секој ден ја силувал и дрогирал.

Во полиција сам се пријавил. Имено кога сфатил дека ја бараат неговата жртва, сам ја одвел во полиција и ја натерал да каже дека е добро. Меѓутоа на полицајците тоа им било сомнително, па дополнително ја испрашувале жената која им раскажала се.
Докторот потоа е уапсен.
Ново на Сител
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
-

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да ги прифатиме барањата на опозицијата
-

Касами: Можни се вонредни избори во Тетово
