Македонија
20. December 2018 - 10:56

„Монструм“ продолжува со испрашување на вешти лица

Со вкрстено испрашување на вештите лица – балистичари, денеска во Кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот „Монструм“.

На прашање од обвинетиот Фејзи Азири, вештаци од судска медицина и од МВР одговараа за пронајдените проектили во телата на убиените, како и за прострелните рани на жртвите.

Случајот „Монструм“ во февруари годинава почна од почеток и се уште се наоѓа во доказна постапка.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите и случајот го презеде СЈО.