Монструми од Србија- Силувале малолетничка, ја продавале и тепале три месеци
Жртва на двајца силувачи од Богатиќ, уапсени во рамките на акцијата на српската полиција „Циклон“ е 16-годишно девојче од Смедеревска Паланка.
Осомничени за нејзиното силување и подведување се нејзиниот невенчан сопруг Давид Гајиќ (21) и неговиот вујко Влада Николиќ (36).
Монструозно злоставување на девојчето трпело повеќе од три месеци, заклучена во куќата често и без храна. Била подведувана на муштерии кои секојдневно доаѓале во куќата на стравот во Богатиќ.
-Девојчето Давид го запознала преку Фејсбук, и по негово наговарање побегнала од дома во јуни. Нејзината мајка набрзо дознала каде и е ќерката и дошла во Богатиќ со намера да ја врати дома. Но девојчето одбило. Рекло дека го сака Давид и дека се омажила за него, дека и е убаво и не сака да се врати дома. По тоа, мајката се вратила во Смедеревска Паланка, а во куќата во Богатиќ започнал хоророт, вели извор од истрагата.
Давид најпрво почнал да го тепа девојчето, но и да го подведува на муштерии кои ги наоѓал во локалните кафеани.
-Буквално излегувал по кафеаните, ги нудел нејзините сексуални услуги, а таа трпела ќотек ако се побуни, вели извор.
Три месеци заклучена без храна
Злоставувањето од ден на ден станувало се полошо, а потоа на неа се нафрлил и вујкото на Давид, Влада Николиќ (36) кој една ноќ го одвел девојчето на локалните гробишта во Богатиќ и таму со ќотек ја силувал.
Девојчето потоа го вратил кај својот внук. Тука ја држеле заклучена во една соба, без храна, но затоа муштерии доаѓале секој ден.
-Преживуала секојденевно силувања. Траумата која ја преживеала во таа куќа е страшна, вели изворот.
Тој наведува дека злоставувањето што девојчето го трпело 3 месеци е откриено случајно зошто Давид на крајот го натерал девојчето да краде за него.
- Шабачката полиција го уапсила девојчето за кражба. Кога е доведена во полициската станица била потполно физички и психички скршена, и во исклучително тешка состојба. Веднаш е вклучен Центарот за социјална работа, обвинителството и Гајиќ и неговиот вујко се уапсени.
Гајиќ поради подведувањето се сомничи за трговија со луѓе, а неговиот вујко за силување.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот