Балкан
5. April 2017 - 9:30

Монструмот не покажал ни ронка каење, „мртов-ладен" изјаивл: "Му пеев песни на детето го силував и убив"

28-годишниот Владица Рајковиќ кој цел регион го памети по ужасот кој го направи кога ја силуваше, мачеше и уби тригодишната Ангелина од Србија, сосема мирно ја слушна својата пресуда, без ронка срам или каење за она кое го направил.
 
Во судот на монструмот му била изречена казна од 40. години затвор за бруталното убиство, како и за убиството кое го направил неколку години пред овој грозоморен чин.
 
Ова е првостепена пресуда на која Рајковиќ има право на жалба.
 
Тој уште на почетокот на судскиот процес призна дека е виновен за смртта на три деца. Тригодишната Ангелина ја носел на раце и и пеел песни, за да ја одведе од дома, да ја силува и убие.
 
Монструмот не покажал ни ронка каење за делото кое го ужасна цел Балкан.