-->
-->
Монтела: Нема да го потцениме ривалот
-->
Повеќекратниот шампион на Италија и поранешен европски првак екипата на Милан вечерва допатува во Скопје, каде утре го игра реванш дуелот од баражот од Лига Европа против тетовска Шкендија. Милан на првиот дуел постигна висока победа од 6:0, а „миланезите“ по доаѓањето во хотелот „Мериот“ во Скопје одржаа и прес конференција.
- Допатувавме со комбиниран тим, а утре ќе има и некои измени во составот, не дека го потценуваме ривалот, туку од причина што за Милан секој натпревар е важен и до декмеври овој тим ќе игра на секои три дена. Јасно е дека се гледаме како дел од групите од Лига Европа и посакуваме уште еден триумф, изјави тренерот на Милан Винченцо Монтела.
Според најавите екипата на Милан, нема да има тренинг во Скопје, а дуелот со Шкендија на Националната Арена „Филип Втори“ се игра утре со почеток во 20:45 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена