Моравјецки побара замрзнатиот имот на руските олигарси да се префрли во новиот Фонд за обнова на Украина
– Полскиот премиер Матеуш Моравјецки по денешниот состанок на т.н. Лублински триаголник, меѓу премиерите на Полска, Литванија и Украина во Варшава, побара да се запленат замрзнатите средства на руската држава, имотот на руските олигарси на Запад и да се префрлат тие средства во новиот иден Фонд за обнова на Украина.
– Технолошки санкции, санкции за стоки со двојна намера, која може да служи и за воени цели, замрзнување на имотот на руската држава и на олигарсите. Тој имот нека се искористи за обнова на Украина, побара полскиот премиер од западните сојузници на прес-конференција.
Моравјецки истакна дека средствата од тој иден фонд треба да им служат на луѓето кои нападнаа и кои се жртви на рускиот претседател Владимир Путин.
– Бруталниот агресор кој ја напаѓа државата нека ја плати највисоката цена што може да биде во демократијата и мирниот соживот на народот, нека ја плати цената на своите финансиски средства што ги акумулира низ целиот свет. Денеска апелираме од Варшава од состанокот на Лублинскиот триаголник: замрзнете ги целосно средствата на руската држава, запленете ги. Замрзнете го имотот на руските олигарси, големи и мали, деловни и политички. Овие средства нека послужат за обнова на државата која денес херојски ја брани својата независност и суверенитет, изјави Моравјецки.
Полскиот премиер додаде дека Полска ќе направи се за да подготви процедура за Украина што навистина ќе ја доближи до Европската унија, а со таа надеж ќе биде потребен и огромен фонд создаден од замрзнати и конфискувани средства и имот на руската држава и нејзините олигарси.
Моравјецки истакна дека она што се случува во Украина, особено во градовите како Мариупол, претставува масакр, „едноставно кланица среде Европа“.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево