Морбидни и недолични закани и навреди кон Македонија и претседателот Иванов од косовски пратеници
Република Македонија од денеска не постои повеќе, ова во Фејсбук статус го пишува албанската пратеничка Месила Дода.
„Република Македонија од денеска не постои повеќе. Нејзиниот крај си го потпиша самиот претседател на оваа држава Ѓорге иванов,. Тој е најсрамниот претседател во историјата на оваа држава. Со еден противуставен акт тој ги прогласи за непријатели пола народ од оваа лаборатористичка држава, во која не се знае како ќе има соживот наредните 2.000 години“, пишува во статусот Дода.
Таа во статусот упатува доста навредливи зборови кон претседателот Ѓорге Иванов, таа вели дека Албанците во Македонија или треба да го уништат претседателот, или сами да прогласат независност, во што би им помогнале сите Албанци.
„Денес Албанците во ФИРОМ имаат два пата по кои треба да одат: Или денеска сами да прогласат независност и сите ние заедно да им помогнеме да успеат во тоа, или да одат и да го уништат гнасниот претседател кој ги кочи да живеат. Ние Албанците имаме само еден начин како да преживееме во ова место каде што господ не определил, а тоа е да стегнеме раце и сите заедно да одиме раво кон една единствена држава… Затоа што имаме само една татковина“ , завршува Дода на Фејсбук.
Месила Дода е дел од Албанскиот парламент од 2001 година.
Ново на Сител
-
Изборна ноќ во САД - Тесна трка меѓу Харис и Трамп
-
Како претседателските избори во САД ќе влијаат врз стабилноста на НАТО и Македонија?
-
Агелер: Јас гласав тоа е должност и привилегија
-
За изборната кампања и ефектот врз резултатите со комуникологот Бојан Кордалов
-
Опозицијата станува резервирана за изборите што ги понуди Мицкоски
-
До две илјади денари заштеда од храна без ДДВ, предлага СДСМ
-
Комората бара заемот од Унгарија што поскоро да стигне до бизнисот
-
Тошковски најави нови интересни случаи поврзани со групата „Грчец“ и организираниот криминал