Македонија
10. јуни 2024 - 17:00

Морбили во Лабуништа

Засилени мерки по првиот случај на заболено шестгодишно дете  од морбили од струшкото село Лабуништа. Првите симптоми кај детето се појавиле на 25 мај со покачена температура (до 40°С), повраќање и течни столици. По исипот кој се проширил по целото тело детето било транспортирано од болницата од Струга  на Клиниката за детски болести во Скопје каде е хоспитализарано . Од Институтот за јавно здравје велат дека постои можност за проширување бидејќи станува збор за специфично печалбарско село каде луѓето многу често патуваат па и многу од нив незнаат дали нивните деца се вакцинирани.

Според  податоците само пет деца од Лабуништа не биле вакцинирани и ревакцинирани против МРП а и детето кое е заболено не било вакцинирано и живеело во шестчлено семејство.

Од Инситутот за јавно здравје посочуваат дека ситуацијата постојано се следи и се во контакт со матичните лекари и со службите за вакцинација.

Вакцинација против мали сипаници се спроведува континирано и задолжително со 2 дози на МРП вакцина. Првата доза се смета за примовакцинација и треба да се даде на првата година од животот на детето. Ревакцината е на шестгодишна возраст.