„Море пластика“ во океаните е кршење на меѓународните конвенции
„Море пластика“ во океаните претставува јасно кршење на меѓународниот закон, наведува британското Кралско географско друштво.
Според најновиот извештај, кој денеска ќе го претстави ова друштво, тоа е глобален проблем кој треба да се реши, бидејќи загадувањето на морињата и океаните со пластика веќе е забрането со постоечките договори.
Во извештајот се наведува дека од владите, чии држави се занимаваат со тој проблем, се бара да извршат правен притисок на оние земји кои не ги спроведуваат меѓународните прописи, пренесува Би-Би-Си.
Загадувањето на морињата и океаните веќе се контролира со Конвенцијата на Обединетите нации за законот за мориња, Лондонската конвенција, МАРПОЛ конвенцијата, конвенцијата од Базел, царински законии многу други регионални договори, се наведува во извештајот.
Во документот се потенцира дека малите острови се најмногу загрозени од пластиката.
Ново на Сител
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата
-
Претежно сончево и потопло
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии