Морисон: Австралија ќе испрати оклопни возила во Украина
– Австралија ќе испрати локално произведени оклопни возила во Украина, по барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон.
Морисон не даде детали околу тоа кога, или колку возила, познати како „Бушмастерс“ (Bushmasters), ќе бидат испратени во Украина.
– Ние не ги испраќаме само нашите молитви, ги испраќаме и нашите пиштоли, ја испраќаме и нашата муниција, ја испраќаме и нашата хуманитарна помош, ние го испраќаме сето ова и панцири, појасни Морисон.
Зеленски во неговиот вчерашен говор во Парламентот на Австралија побара оклопни возила.
– Имате многу добро вооружено возило, „Бушмастер“, што би можело значително да ѝ помогне на Украина, како и други парчиња опрема, што ќе ја засилат нашата позиција во однос на вооружување. Ако имате можност да го споделите ова со нас, ние би ви биле многу благодарни, истакна Зеленски.
Ново на Сител
-

Трамп: САД „многу повеќе“ ќе го намалат бројот на војници во Германија
-

Шакира одржа бесплатен концерт на Копакабана пред два милиони луѓе
-

НБА: Филаделфија полуфиналист на Истокот
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија
-

Санкционирани 113 возачи на мотоцикл во акциска контрола на СВР Скопје
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни
-

Захарова: ОН и УНЕСКО да не ја „ставаат главата во песок“ пред злосторствата на Киев
-

Најстудено на Попова Шапка
