Морси осуден на доживотен затвор поради шпионажа
Египетски суд го осуди денеска поранешниот претседател на оваа земја Мохамед Морси на доживотна казна затвор поради шпионажа, а шестмина други лица се осудени на смртни казни.
Судот го ослободи Морси од обвинението дека им доставувал на катарските власти доверливи документи, но го осуди на доживотна казна затвор поради водење на нелегалната организација „Муслиманско братство“.
Шестмината осудени на смртна казна, меѓу кои се двајца вработени во телевизијата „Ал Џазира“, се прогласени за виновни бидејќи за време на управувањето на Морси наводно изнесувале документи од секторот за национална безбедност до властите во катар, како и на „Ал Џазира“, чие седиште се наоѓа во Доха.
Тие се осудени во отсуство, а уште имаат право на жалба.
Морси во јули 2013 година е соборен од власта со државен удар, а веќе е осуден на смртна казна во друг судски случај.
Ново на Сител
-
Прво проверка, потоа поврат на ДДВ
-
Нов случај на западно нилска треска - Пациент од струмичко хоспитализиран на Инфективна
-
Дрвокрадци пустошат преку 30 000 кубни метра дрва годишно, институциите молчат
-
Трипуновски домаќин на годишниот работен состанок на министри на ЈИЕ
-
Стартува примената на есенската кошничка
-
Законот за бранителите во Собранието
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДМС и ДУИ потрошиле 100 милиони евра без критериуми
-
Странски студенти на УГД Штип