Моше Лион избран за градоначалник на Ерусалим

Долгогодишниот политички активист Моше Лион беше избран за градоначалник на Ерусалим, што претставува победа на ултраортодоксните еврејски жители на градот.
Лион, кој е поддржан од голем дел на израелското раководство, утрово објави победа над својот ривал Офер Беркович, по многу контроверзна трка меѓу двајцата кандидати. Според речиси комплетните резултати по вчерашниот круг од изборите, Лион доби скоро 52 отсто од гласовите. Лион ужива поддршка од главните ултраортодоксни фракции и нивните претставници во Владата, како и министерот за одбрана Авигдор Либерман и влијателни личности во владејачката партија Ликуд.
Триесетипетгодишниот Беркович е светски активист, кој почна прогресивна програма против религиозните тврдокорни лица.
Хетерогената популација во Ерусалим е составена речиси подеднакво од палестинските Арапи, ултраортодоксните Евреи и останатиот дел од еврејски жители, како секуларно настроени така и религиозни.
Градоначалникот нема посебно влијание врз политиката и дипломатијата на Блискиот Исток, но има силно присуство како на национален, така и на меѓународен план.
Ново на Сител
-

Зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во април, намален кај горивата
-

Британски лекари: Социјалните мрежи се исто толку штетни за децата како и пушењето
-

Папата Лав Четиринаесетти ја осуди ескалацијата на војната во Украина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче би поддржал уставни измени со внесување на Бугарите
-

Утре нестабилно со дожд, грмежи и ветер
-

СДСМ: Уште 4 дена до неисполнување на ветувањето на Христијан Мицкоски
-

Апел за помош: Исчезната е Лидија од Скопје, последен пат видена во Црниче
-

ЕЦБ: Војната во Иран е тежок тест за финансиските пазари
