Москва бара воздржаност во заклучоците за падот на авионот во Синај

Официјална Москва денеска побара од сите да покажат воздржаност при донесувањето заклучоци за падот на рускиот патнички авион на Синај.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека „сите теории околу паѓањето на авионот на „Метроџет“ во овој момент, се само шпекулации“.
Изјавата на Песков претставува реакција на руските власти на тврдењето во Лондон и Вашингтон дека авионот бил „соборен од експлозивна направа“, што претходно била внесена во леталото, додека се наоѓало на земја.
Авионот „Ербас 321“ на руската авиокомпанија „Метроџет“, полн со туристи кои се враќаа од одморот во Египет, во саботата се урна во синајската пустина, само 23 минути по полетувањето од одморалиштето Шарм ел Шејк на пат кон Санкт Петербург.
Сите 224 патници и членови на екипажот загинаа при падот авион.
Британската Влада, повикувајќи се на разузнавачки сознанија, одлучи да ги запре сите летови од и кон Велика Британија од аердоромот во Шарм ел Шејк, популарна дестинација за британските туристи. Ваквата одлука се објаснува со безбедносни причини.
Претходно американскиот Си-Ен-Ен објави дека американското разузнавање верува оти рускиот авион е соборен со бомба, која била внесен во делот каде се сместува багажот на патниците.
Ваквото тврдење подоцна беше прифатено и од американските власти.
Џихадистите од Исламска држава уште во неделата тврдеа дека тие го собориле рускиот патнички авион.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
