Москва и се закани на Велика Британија со „последици“ поради британските дронови користени за напади на руска територија

Русија предупреди за „последици“ по Велика Британија по извештаите за употреба на британски дронови за напади врз цели длабоко на руска територија.
Украина во рамки на таканаречената кампања за „длабоки удари“ користела дронови произведени од две британски компании, објави лондонскиот весник „Сандеј тајмс“.
Киев годинава ги засили нападите врз Русија, при што ракети со долг дострел и роеви дронови се почесто гаѓаат воената индустрија и енергетските објекти на руска територија.
Руската амбасада во Велика Британија оцени дека извештаите потврдуваат оти Лондон намерно се определил за ескалација на кризата во Украина и го обвини Обединетото Кралство дека се обидува да ја ограничи Русија и да и нанесе максимална штета.
„Постапките на Лондон неизбежно ќе имаат последици за што тој ќе мора да одговара“, соопшти Руската амбасада.
Оттаму предупредија дека колку е поголема британската вмешаност во конфликтот и поддршката за Украина, толку „повисока ќе биде цената“ што ќе ја плати Велика Британија.
МИА
Ново на Сител
-

65-годишна велешанка прегазена од товарно возило
-

Маж од Радовиш ги нападнал сопругата и малолетната ќерка
-

Ѓаволот ја платил казната од 8 илјади евра, Феxми Стафа барал условен отпуст, велат од Кривичен
-

Мицкоски за изнајмувањето на „Македониум“: Уште денеска ќе побарам разрешување на директорот и на Управниот одбор
-

12 илегални мигранти откриени во еден ден од страна на Царинарница Скопје
-

Две и пол години казна затвор за вработената во МВР што фалсификувала возачки дозволи - Година и три месеци за двајца од возачите
-

Во Скопје изречени казни од над 80.000 евра за несовесно одлагање отпад
-

Грејната сезона почнува на 15 октомври
