Москва: На следниот Евросонг да биде изведена песна за Асад
Победата на украинската претставничка Џамала на синоќешниот Избор за песна на Евровизја со нумерата „1944“, посветена на прогонот на кримските Татари од страна на советскиот режим во 1944 година, предизвика жестоки реакции во Русија.
Меѓу останатите, како што јави ТАСС, со свој коментар се огласи и портпаролката на руското Министертсво за надворешни работи Марија Захарова, која цинично предложи на следниот Евросонг да биде изведена песна посветена на сирискиот претседател Башар ел Асад.
- Мислам дека на следната Евровизија треба да се пее за Асад, изјави Захарова, која дури и изрецитира стихови на „песната“ за сирискиот претседател: „Асад е крвав, Асад е најлошиот. Дајте ни награда, за да бидеме домаќини“.
Потпретседателот на Комисијата за одбрана и безбедност на Горниот дом на рускиот Парламент, Советот на Федерацијата, Франц Кинкцевич изјави дека на „Евровизија 2016 не победи украинската пејачка Џамала и нејзината песна „1944“, туку политиката ја победи уметноста“. Тој уште повика Русија да го бојкотира следниот Евросонг, на кој домаќин треба да биде Украина.
Претседателот на Комисијата за надворешна полиитка на Советот на Федерацијата, Константин Косачов пак оцени дека со синоќешниот Евросонг „геополитиката го достигна својот врв“.
Според него, оваа победа може „да им даде крилја“ на украинските лидери и тие да го „компромитираат сложениот мировен процес во источна Украина“.
- Поради таа причина Украина загуби. Она што на Украина и е крајно непоходно е мир. Но, таа доби војна, напиша Косочов на својот профил на Фејсбук.
Руските медиуми исто така жестоко реагираа на победата на Украина, оценувајќи дека таа е политичка.
Весникот „Косомолскаја Правда“ на своето интернет издание објави текст под наслов „Како европските жирија му ја украдоа победата на Лазарев“, рускиот преттсавник на овогодишниот Евросонг.
Русинот Серегеј Лазарев, кој важаше за главен фаворит за победа на натпреварот, доби најмногу гласови на телевоутингот, но освои значително помалку поени од стручните жирија на земјите учеснички на Евросонгот, со што на крајот Русија се пласира на третото место зад Украина и Австралија.
„Комсомолскаја Правада“ во написот бара и да биде одземена победата на Украина, со аргумент дека песната „1944“ е „со политичка содржина“.
Ново на Сител
-
Надворешно-политичките, безбедносните, одбранбените и економските предизвици на ЕУ главни теми на овонеделната сесијата на ЕП
-
Во Лондон дводневен Самит за борба против шверцот на мигранти
-
Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја
-
Променливо облачно, попладне наместа со пороен дожд
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот