Москва: САД од борци на ИД формираат „Нова сириска војска“
САД во провинцијата Хасека почнаа да формираат „Нова сириска војска“ од останатите терористи на Исламска држава, објави рускиот Центар за примирје.
Во соопштението од Центарот, кој е дел од руското Министерство за одбрана, припадници на меѓународната коалиција за борба против тероризмот, предводена од САД, врбуваат бегалци кои се вратиле во своите домови за да формираат единици кои би се бореле против владините сили во јужна Сирија.
Центарот за примирје тврди дека подготовките се одвиваат во бегалски камп, кој се наоѓа на 20 километри североисточно од градот Џизр ел Шададија.
- Тоа докажува дека Американците продолжуваат да кокетираат со терористите и покрај изјавите кои пристигнуваат од Вашингтон дека САД се насочени кон тотално уништување на ИД на Блиски Исток, посочува Центарот.
Според очевидците Американците тој камп за подготовка на новата војска го користат повеќе од половина година и во моментот таму се наоѓаат околу 750 борци, од кои приближно 400 се поранешни терористи од ИД, кои побегнаа од Рака.
Ново на Сител
-
Трите лица во Црвени Брегови пронајдени во импровизиран верски објект починале од труење со јаглерод моноксид
-
Петиција за затворање на Инстаграм-профилот на Јелена Карлеуша собра над 270.000 потписи
-
Првпат во државата извршена интервенција на пациент со скршен лакт, постигната стабилизација на зглоб и враќање на функцијата на целосни движења
-
Обвинителство: Вања е грабната во 7.29, Цитроенот запален во 9.30, а реното Кангу се враќа во седиштето на Десна
-
Коцевски за случајот со Фросина Кулакова: Против осомничениот се води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот
-
Запален автомобил на јавен обвинител од Скопје
-
Мечка следела и гонела 15-годишно дете во Македонски Брод
-
Судијката Алексовска Стојановска разрешена од работна група во Министерството за правда